Драги учесници

Поканети сте да учествувате во истражување за локалните прехранбени системи спроведенo како дел од проектот Cities 2030. Овој проект е финансиран од програмата Хоризонт 2020 и е спроведен од 41 партнер кои споделуваат слична визија за подобрување на системите за храна. Истражувањето е развиено од страна на проектот "Cities 2030" и координирано од страна на Универзитетот, Ca’ Foscari” - Венеција (повеќе информации на www.cities2030.eu).

Намена

Испитувањето има за цел да ги идентификува пречките и недостатоците на локалните прехранбени системи по пристап на системи за храна во градските региони. Како дел од ова истражување граѓаните низ земјите на ЕУ ги споделуваат своите ставови и искуства поврзани со локалните прехранбени системи. Податоците собрани од истражувањето ќе бидат искористени од страна на проектот Cities 2030 за развој на идните препораки произлезени од темелни истражувања.

Учество

Истражувањето е онлајн и е целосно анонимно. Вашето учество во истражувањето е доброволно и треба да трае околу 10 минути. Можете да одбиете да учествувате во истражувањето или да го прекинете истражувањето во било кое време (без никакви последици). Одговарање на секое прашање е услов за успешно спроведување (завршување) на истражувањето.